Тројца европски новинари погубени во Буркина Фасо

Двајца шпански и еден ирски новинар кои исчезнаа по нападот во понеделникот на истокот од Буркина Фасо се погубени, изјави во втоникот вечерта припадник на тамошната безбедносна служба, а Мадрид го потврди загинувањето на двајца свои државјани.

„Терористите погубија тројца европејци. Лицата на снимките на вооружената гупа се идентификувани како тројца европејци кои исчезнаа во понеделникот“, изјавил за AFP соговорникот од безбедносните служби.

Шпанскиот премиер Педро Санчез во вторникот ја потврди смртта на двајцата Шпанци.

„Најлошата вест е потврдена. Изразуваме сочувство на семејсвата на Давид Бериаин (на 44 години) и Робет Фраиле (47), убиени во Буркина Фасо“, напиша Санчез на Twitter и изрази „благодардност за оние коишто како нив секојдневно храбро известуваат од областите на судири“.

Според шпанската министерка за надворешни работи, Аранча Гонзалес Лаја, двајцата новинари снимале документарен филм за „заштита на националните паркови во Буркина Фасо и заштитата од криволовци како и за населението коешти живее во парковите на природата.

Бериан бил искусен новинар, кои известувал од целиот свет и основа сопствена продукциска куќа, додека Фраиле снимал во неколку конфликти, вклучително и војната во Сирија.

Ирското министерство за надворешни работи во вторникот вечерта наведе дека е „свесно“ за исчезнувањето на иранскиот дражвјанин. Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени изјави дека со „длабоко ужаснување“ ја примил веста за смртта и им изразува сочувство на семејствата на трите жртви.

Според BBC, станува збор за Рори Јанг, коосновач и претседател на група за борба против ловокрадството „ Chengeta Wildlife“, за кого неговата организација соопшти дека бил „инспиративен лидер“.

Киднапирањата и егзекуцијата на тројцата новинари се последните во низата такви случаи во поранешната француска колонија, каде што резерватите за диви животни порано неа популарни кај туристите од целиот свет. Меѓутоа, повеќето од нив се наоѓаат на територијата којашто сега е цел на џихадистите.

Се верува дека милитантните исламистички групи држат како заложници неколку странци во Буркина Фасо, како и во соседните држави Мали и Нигер, пренесува агенцијата Reuters.

Полупустинската област позната како Сахел е сцена на бунтот поради кој се раселени речиси три милиона луѓе, откако џихадистичките милитанти зазедоа голем мделови од северен Мали во 2012 и 2013 година и се заканија со заземање на главниот град. Франција и другите западни сојузнички земји распоредија свои трупи во регионот, но иако имаа успех во потиснувањето на милитантите, не успеаја да стават крај на бунтот.