Tројца фудбалери на Реал Мадрид уапсени поради споделување секс-снимка

Шпанската полиција во четвртокот објави дека уапсила најмалку тројца играчи од младинскиот тим на Реал Мадрид под обвинение дека дистрибуирале видео од секс со малолетничка.

Весникот El Confidencial претходно во четвртокот објави дека станува збор за по еден играч од фудбалската академија на Реал, вториот и третиот тим на „кралскиот“ клуб и дека полицијата презела акција врз основа на пријава поднесена на 6 септември во Канарските острови од мајка на малолетна жртва.