Во два одделни случаи ноќта кон саботата гостиварската полиција привела три лица кај коишто е понајден кокаин, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, околу 23 ласот во Гостивар полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Е.А. на 56 од блиското село Лакавица и Х.Ј. на 38 години од Гостивар, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин.
Подоцна, околу еден часот по полноќ, бил приведен и 25-годишниот А.Н, од гостиварското село Вруток, кај кого исто така биле пронајден и одземен кокаин.
По целосно документирање случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.