Напаѓачот на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус Жуниор, во понеделникот е прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите од техничкиот панел на набљудувачи на УЕФА.
Винисиус одигра десет натпревари за Реал во Лигата на шампионите, постигна шест гола и пет пати асистираше. Се запиша во листата на стрелците и во саботата кога Реал ја победи Борусија Дортмунд во финалето, освојувајќи ја својата втора титула во Лигата на шампионите со мадирдскиот клуб.
Комисијата на УЕФА го прогласи и играчот од средниот ред на Реал, Џуд Белингем за најдобар млад играч на елитното котинентлано натпреварувањео. Двесетгодишниот англиски репрезентативец на 11 натпревари постигна четири гола и забележа пет асистенции.
И наградата за гол на сезоната му припадна на фудбалерот на Реал, Федерико Валверде, кој погоди од волеј во четвртфиналниот меч во Мадрид против Манчестер Сити. Погодокот на асистенција на Винисиус обезбеди израмнување од 3:3 за Реал, во двомечот во кој на крајот победи на пенали.