Тројца либански болничари се убиени а уште други двајца се ранети, од кои еден е во критична состојба, во израелски напад додека биле ангажирани во гаснење пожари во јужниот град Фарун, соопшти во саботата либанското Министерство за здравство.
„Израелските сили гаѓаа медицински тим на либанската цивилна одбрана додека гаснеа пожари предизвикани од неодамнешните израелски напади“, се вели во соопштението на Министерството, во кое се прецизира дека нападот погодил противпожарно возило.
Нападот е осуден како „очигледен бесрамен напад“ врз либанскиот државен апарат, втор ваков напад врз екипа за итни случаи за помалку од 12 часа.
Израелската армија веднаш не ги коментираше наводите.