Тројца македонски алпинисти со велосипед го освоија највисокиот врв во Африка (ВИДЕО)

Тројца македонски планинари, членови на планинарскиот клуб „PSK H2O“ утрово се искачија на  највисокиот африкански врв Ухуру, кој се наоѓа на планината Килиманџаро.

Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев имаа необично изкачување на овој врв со велосипед.

Врвот Ухуру на Килиманџаро е висок 5.895 метри.

Тројцата алпинисти ја започнаа својата авантура на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри. Откако вчера стигнале и преспале на надморска височина од 4.700 метри, тие на полноќ по локално време тргнале кон Ухуру, до каде што им требале пет и пол часа.
Уште тројца македонски алпинисти Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов, се искачија на истиот врв на традиционален начин.

Врвот Ухур е највисока точка (5895м) и е дел од  т.н. „седум врвови“ на вулканот Кибо кој на врвот има кратер кој е широк околу 2,5 км.

Првото искачување на овој врв е направено во 1889 година. Другите два врва се исто така згаснати вулкани: врвот Мавензи (5 149 м) кој е трет највисок врв во Африка после Монт Кенија (5199м) и врвот Шира (3 962 м).