Тројца македонски државјани безбедни на Родос, ја контактирале амбасадата во Атина

Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција,Министерството за внатрешни работи информираше дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Македонија ја контактирале амбасадат во Атина.

Споменатит граѓани наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, информираа денеска од Министерството за надворешни работи.

Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Упатуваат апел да се избегнува туристичко или какво било друго патување во загрозените подрачја.

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.