Три лица се убиени а уште четири други, од кои две се тешко повредени во нападот во центарот на курдската заедница во Париз, објави во петокот обвинителката на француската обвинителка Лора Беко, додавајќи дека уапсениот напаѓач им е познат на властите.
Отворена е истрага за убиства, убиства од небрежноста и тешко насилство, објави кабинетот на париската обвинителка.
Обвинителката изјави дека се проверува дали зад инцидентот расистички мотиви. Според телевизијата BFMTV, приведениот 69-годишник е ставен во притвор со повреди кои се проценуваат со средна тежина.
Телевизијата пренесува дека уапсениот маж им бил познат на безбедносните органи и дека пред една година нападнал мигрантски камп.
Весникот Le Parisien објави дека напаѓачот претходно извршил два обиди за убиство. Тој минатата година со сабја нападна мигрантски камп во 12-от париски арондисман. Уапсениот излегол од затвор неполни две седмици пред делото што го извршил во петокот, односно на 12-ти декември. Оттогаш бил под законска контрола, му било забрането да поседува оружје.
Градоначалничката на 10-от париски арондисман, Александра Кордебард, изјави за медиумите дека пукањето се случило во Центарот на курдската на заедница, во придружните на објектот ресторан и берберница.
Според неа, осоммничениот е пензионер кој претходно работел во Националната железничка компанија, а неговите мотиви сѐ уште не се точно утврдени.
Повеќе куршуми биле истрелани во улица во овој париски арондисман во која се наоѓаат мали дуќани и кафулиња, предизвикувајќи паника. Вооружени припадници на француската полиција го обезбедуваа подрачјето и во снимките емитувани директно од местото на настанот можеше да се забележат неколку возила на итната медицинска помош.
Очевидец за агенцијата AFP изјавил дека биле истрелани седум или осум куршуми. Друг сведок, пак, за BFMTV, изјавил дека осомничениот е белец кој ненадејно отворил оган.