![soobrakajka vasilevo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/soobrakajka-vasilevo.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Возрасен маж и две жени од Охрид се повредени во саботата доцна вечерта околу 21 часот, откако автомобилот со кој се превезувале излетало од коловозот на магистралниот пат Охрид-Кичево.
Сообраќајниот инцидент се случил во близина на Ново Село кога патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки управуванo од 70-годишниот Н.С. од Охрид излетало од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 58-годишната А.Т. од Охрид, а возачот и уште една сопатничка 62-годишната Л.С., исто така, од Охрид се здобиле со телесни повреди констатирани во охридската болница „Свето Еразмо“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.