Најмалку тројца Палестинци се убиени во голема израелска воена операција во градот Јенин во енклавата Западен брег, која меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија во Шестдневната војна во 1967 година, објави во понеделникот палестинското министерство за здравство.
Повеќе од дваесет други лица се повредени во престрелките, а некои од нив се во критична состојба, се додава во соопштението на палестинската страна.
Според израелската војска, дошло до долготрајна престрелка во текот на апсењето на две осомничени лица.
„Голем број експлозивни направви, исто така, се фрлени кон војниците. Силете одговорија со активен оган. Погодоците се потврдени“, изјавија Силите за одбрана на Државата Израел (IDF) во соопштение.
Се додава дека „хеликоптери отворија оган кон вооружени лица за да помогнат во извлекувањето на силите“. Возило на израелските сили е оштетено во екслозија додека излегувало од градот, соопшти IDF.
Безбедносната ситуација во Израел и на ткн Палестинските територии веќе е крајно тензична. Градот Јенин, на северот на Западниот брег, стана упориште на палестинските милитантни групации кои во 2007 година ја преземаа власта во енклавата Појасот Газа истиснувајќи ја Палестинската самоуправа на претседателот Махмуд Абас. Во Западниот брег, власта ја држи движењето Фатах на Абас.
Последниот период Јенин стана сцена на смртоносни судири меѓу палестинските милитанти и изреалските сили. Војската спроведува чести рации на Западниот брег по низата напади врз Израелци.
Најмалку 125 Палестинци се убиени од почетокот на годинава во израелските воени операции, судири или по напади кои самите ги започнале. Во истиот период во таквите напади смртно настрадаа 18 Израелци, Украинец и Италијанец.