Тројца починаа, 281 новозаболен од ковид-19

Вкупно 281 новозаболен и 3 починати лица од ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа.Направени се  2.275 тестови, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоци на Институтот за јавно здравје.

Од новозаболените во Скопје се 169, во  Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и во Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции.

Регистрирани сe 285 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63), Охрид (85) и Крива Паланка (76). Сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.275 тестови преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-73, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–200, Жан Митрев (Филип Втори)-47, Авицена-50, Биотек-59, Систина-42, лабораторија Лаор-49, Синлаб-12, Ремедика-13, Плодност-12, Генеа-26, Никоб Лаб-148, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 976.

Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.