
Три лица од кои едно потешко, се повредени во сообраќајната несреќа која рано утринава се случила на раскрсницата кај Собрание.
На 01.01.2020 во 05.00 часот било пријавено се случила сообраќајна незгода помеѓу „опел корса“, управувана од Е.И. на 31 година од Скопје и „пежо 508“, управувано од К.П. на 24 години од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел корса“ 55-годишната Ѓ.И. од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката од истото возило 23-годишната Е.И. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје