Тројца повредени во судар кај скопско Орешани

Три лица, од кои две потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 14 часот се случила на локалниот пат mмешу скопските села Зелениково и Драчево,  во близина на Орешани.

Во несреќата, информираат од полицијата, учествувале автомобил „опел корса“, управуван од 29-годишната М.С. од Скопје и автомобил „тојота јарис“, управуван од А.Д. на 28 години од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата М.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Сопатникот во возилото „тојота“, 71-годишниот Ј.Д. од Скопје, исто така, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот А.Д. се здобил со телесни повреди , констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.