Тројца повредени во судар пред Соборниот храм во центарот на Скопје

Три лица се поврдени во во сообраќајната незгода меѓу два автомобила којашто рано утрото во неделата се случила пред Собрниот храм во центарот на Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во скопската полиција околу 4 часот утрово било пријавено дека на крстосницата од булеварите „Партизански одреди“ и „Свети Климент Охридски“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б., на 25 години од скопското село Црн Врв, и „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Б.Т. од Скопје.

По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник, 53-годишниот Т.В. од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди.