![aerodrom kokain 2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/aerodrom-kokain-2.jpg?resize=640%2C468&ssl=1)
Тројца мажи од тетовско измината ноќ биле приведени откако во возилото со кое се превезувале полицијата открила кокаин.
На 16.06.2020 околу 23:30 часот, на паркинг на улицата „29 Ноември“ во Тетово, во возило „фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, затекнати биле и лишени од слобода Д.А.(31) од Тетово и А.Џ.(41) и Ш.Т.(43) од тетовско Церово.
При нивен и преглед на возилото пронајден бил кокаин.
Тројцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.