Тројца странци уапсени на Средно Водно поради поседување марихуана

На 15.08.2020 во 20.20 часот на Средно Водно во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.О. и М.Ф., двајцата од Турција, како и М.Т. од Кипар, затоа што во возилото во кое се превезувале била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.