![soobrakajka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/soobrakajka.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
На булеварот „Никола Карев“ во Скопје вчера попладне се случила сообраќајна незгода меѓу „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот А.С. од Скопје и „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот С.С., исто така, од Скопје.
Од полицијата информираат дека при незгодата, патничкото возило „пежо“ удрило во пешак Х.Е.(43) од Скопје и паркирано товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое се придвижило и удрило во бандера.
-По незгодата, С.С., Х.Е. и Џ.Б.(62) од Скопје, сопатник во патничкото возило „ауди“ биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде на Х.Е. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, а на С.С. и на Џ.Б. телесн