Тројца тинејџери од Куманово осомничени за кражба на автомобили

Министерството за внатрешни работи информира дека во четвртокот во периодот од 10 до 12 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Ѓ. и К.С.м, двајцата на 19 години, како и 18-годишниот С.С., сите од Куманово.

Тие се сомничат дека на 9-ти ноември 2021 година одзеле предмети од три автомобила на различни локации од Куманово.

Тројцата биле приведени во полициска станица, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР