![Vestimnster sud London](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/Vestimnster-sud-London.webp?resize=696%2C392&ssl=1)
Тројца мажи се обвинети за соработка со надворешната разузнавачка служба на Хонгконг по серијата апсења низ Англија, соопшти во понеделникот британската полиција.
На почетокот на месецот, според лондонската полиција (LMP), биле приведени 11 лица, од кои речиси сите биле уапсени во грофовијата Јоркшир, во северна Англија.
Тројцата уапсени подоцна денеска ќе бидат изведени пред судот во Вестминстер. Седум мажи и една жена се ослободени од притвор, бидејќи против нив не е поднесена пријава, додава полицијата.
Доминик Марфи, шеф на антитерористичката команда на LMP, рече дека јавноста нема причина за загриженост, бидејќи не гледа поширока закана за заедницата.
Тројцата се обвинети според Законот за национална безбедност на Велика Британија. Тој беше донесен минатата година и содржи нови мерки против надворешните закани.
Полицијата вели дека обвиненијата не се поврзани со посебна истрага во која е вклучена Русија, која се води според истиот закон.