Тројца убиени и петмина повредени во пукање во американски универзитетски кампус

Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг.

Нападот се случил нешто по 20:00 часот по локално време (01 GMT) во зграда на универзитетот. – Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука, рече Крис Роузман, вршител на должноста началник на полицијата во кампусот. Според него, дел од повредените се во критична состојба.

Откако го извршил нападот, напаѓачот побегнал. Полицијата објави фотографија од него. Тој е опишан како маж, црнец, со низок раст, облeчен во тексас јакна, црвени чевли и бејзбол капа.

Во потрагата по мажот се вклучија и неколку стотици полицајци и претставници на редот. Подоцна, полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил и неговото тело е пронајдено на околу 4 километри од областа на универзитетот.

Мотивите за нападот засега остануваат нејасни.