Тројца удавени и 20 преживеани илегални мигранти откриени во Хрватска

Photo: Kristina Stedul Fabac/PIXSELL

Хрватската полиција и службите за спасување во петокот пронашле тела на тројца илегални мигранти и 20 преживеани мигранти во поплавеното гранично подрачје покрај шумата Радиње, на 50 километри од Славонски Брод, извести вечерва полициската управа Бродско-посвската жупанија.

Мигрантите утринава околу шест часот биле лоцирани од страна на службениците на Граничната полициска станица Стара Градишка.

Полициските службеници најпрвин пронашле 20 мигранти кои илегално влегле во Хрватска, а во нивна близина се пронајдени две тела на непознати лица. Во текот на денот полицијата со помош на ХГСС трагала по уште еден маж, чие тело било пронајдено во текот на попладневните часови.

Сите три починати лица се пренесени на обдукција за да се утврдат причините за нивната смрт.

Од локалната полиција посочиле за дивите гранични премини се многу ризични, особено во овој период кога поради високиот водостој на реката Сава, поплавен е и просторот на низинските шуми покрај реката. Апелирале до активистите на невладините организации кои им помагаат на мигрантите да ги предупредат на опасностите на кои се изложени во случај на нелегално преминување на границата.