![soobrakajna policija 10](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/soobrakajna-policija-10.jpg?resize=696%2C515&ssl=1)
Три лица биле уапсени доцна синоќа на патот Кичево – Гостивар откако претхдно не застанале на знак стоп од страна на полицијата, а подоцна во автомобилот биле пронајдени приротехнички сретства, солзавеци фантомка.
Според пријавеното, ноќеска околу 1.30 часот магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај Тајмишка крстосница, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода 31-годишниот Ј.М. од Куманово,34-годишниот И.П. од селото Калиште, пробиштипско и 49-годишниот М.Б од селото Прждево, демиркаписко, затоа што со возило „мерцедес“, кое го управувал Ј.М., не застанале на знак за запирање од полициски службеници и затоа што при преглед во возилото биле пронајдени и одземени повеќе различни видови пиротехнички средства.
Додека при нивен преглед, кај И.П. бил пронајден солзавец и капа „фантомка“. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по Законот за оружје и по член 206 од Кривичниот законик.