Во железничката несреќа којашто се случи во петокот ноќта кај Новска, во местото Раиќ, има најмалку три жртви и 11 повредени лица кои се хоспитализирани во болниците во блиските градови Славонски Брод, Пакрац и Нова Градишка, соопшти ноќта кон саботата портпаролот на хрватската влада.
Ноќта пожарникарската служба објави дека под остатоците од возовите и вагоните нема ниедно приклештено лице.
Според прелиминарните сознанија, несреќата се случила околу 21,30 часот кога патничкиот воз налетал на товарен воз кој стоел на пругата поради дефект.