Министерството за внатрешни работи на Авганистан отстрани од функцијата тројца високи полициски службеници, поради нападот во Кабул, при што загина најмалку 21 лице, пренесе „АФП“.
Отпуштени се началникот на полициската станица на десетиот реон на Кабул, началникот на Секторот за криминални истраги и шеф на полициски одред.
„Тројца полицајци се ослободени од должноста , зашто не ја вршеле совесно својата работа“, изјавил авганистанскиот министер за внатрешни работи Мохамад Омр Даудзај.