Тројца го загубија животот во тешка сообраќајка на патот Лежа-Скадар

Три лица го загубија животот, а еден е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на патниот правец Лежа-Скадар, јави дописникот на МИА од Тирана.

Несреќата се случила која автомобил марка „БМВ“ кој се движел со голема брзина, удрил во банкините и излетал од патот, при што се запалил.

Во вадењето на жртвите биле вклучени и припадници на противпожарната единица од Лежа.

Според полицијата во несреќата животите ги загубиле Диран Штјефни(31), Рикард Прендуши(21) и момче на околу дваесет годишна возраст кое се уште не е идентификувано. По дадената прва медицинска помош преферлен е на понатамошен третман во Клиниката за трауматологија во Тирана е Ставри Ндрепепај, кој се бори за живот.

Тешка сообраќајка со четврица тешко повредени се случи и во близина на градот Грамш. Возачот на автомобил ја загубил контролата, излетал од патот и паднал во провалија длабока над 50 метри.