Фејзи Азири, Хаки Азири и Агим Исмаиловиќ осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“ можат веднаш да ја издржуваат казната затвор, пишува Канал5.
Судот им ги изготвил решениjaтa . Неодамна тие побарале од судијата да им се овозможи да одат во затвор пред правосилноста на пресудата.
„Тројца од обвинетите од овој предмет ќе одат на издржување на казната затвор. Согласно законските одредби тие се обратија со барање до судот каде што сакаат пред правосилноста на пресудата да бидат упатени на издржување на казна затвор.
Судот го уважи ова барање, решенијата се изготвени. Денеска ќе бидат доставени до обвинетите, па ќе бидат упатени на издржување на казната затвор согласно првостепената пресуда“, изјавил портпаролот на Основниот суд 1- Скопје, Паула Божиновски.
Тројцата обвинети според нивниот адвокат со преместувањето од притвор во затвор би имале подобар третман.
„Поради подобрите услови во Казнено поправната установа Идризово, вообичаено е тие што се во притвор, сами да побараат да одат во казнено поправната установа каде што се подобри условите“, вели адвокатот Насер Рауфи.