Полицискиот дневен билтен секојдневно изобилува со сообраќајки, разбојништва и бројни кривични дела, но, во денешниот, може да се забележи дека вчерашниот ден бил кобен и за пешаците.
Прегазени се тројца пешаци, од кој едниот, за жал го изгубил животот.
Несовесните возачи кои возат пребрзо и во алкохолизирана состојба се голем проблем и причина за бројните сообраќајни незгоди и случаи со прегазување пешаци, дури и на пешачи премини.
Според последните полициски информацции, вчера во Битола е прегазен пешак кој починал на местото на сообраќајката, која се случила околу 19.30 часот на крстосницата од улицата „Македонски гемиџии“ и улицата „Буримечка“.
С.Т. (56) од Флорина, Грција, управувајќи патничко возило „мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Н. (67) од Битола, која починала веднаш починала. Смртта била констатирана од на екипа од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.
Исто така, вчера во 10 часот на улицата „Ѓорче Петров“, пред зградата на Општина Ѓорче Петров, се случила сообраќајна незгода во која возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(32) од Скопје, движејќи се наназад удрил во З.З.(67) од Скопје, која се движела по тротоар.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.З. која со возило на брза помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Според информациите од билтенот, кај паркинг просторот од поликлиниката Ѓорче Петров, вчера во 9.30 часот на булеварот „Партизански Одреди“ се случила сообраќајна незгода во која автомобил„рено трафик“ удрил во пешак.
Возилото со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(28) од Скопје, удрило во пешакот М.Л.(83) од Скопје. По незгодата, пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Градска Болница „8-ми Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.