Тројца пилоти ќе бидат погребани денес

Пилотите Драги Мицев, Иљо Лопатички и Тоде Орешков кои загинаа во страшната хеликоптерска несреќа кај Струмица ќе бидат погребани денес во Скопје.

Како што дознаваме тројцата ќе бидат погребани еден до друг.

Погребот на Марјан Трајковиќ, пак, беше вчера во 13 часот во неговото родно Куманово.

Вчера беше одржана комеморативна седница во Домот на Армијата на која присуствуваа бројни припадници на МВР и роднини на трагично настраданите пилоти, а отворена беше и книга на жалост.

Влада на Република Македонија, денешниов ден го прогласи за Ден на жалост.