Тројца полицајци се убиени вчеравечер во напад на ПКК во југоисточниот дел на Турција. Борци на ПКК стрелале врз возилото на полицајците со гранати и автоматско оружје. Нападот бил извршен синоќа во реонот на градот Силопи, округот Шарнак.
Силите за безбедност почнале голема операција за пронаоѓање на извршителите. Поради нападот, министерот за внатрешни работи Селјами Алтанок ја откажа програмата во округот Ерзурум и отпатува за Анкара, пренесува МИА.
Весникот „Сабах“ пишува дека по првпат во борбата против терористите од ПКК се објавува награда за главата за некои од нив. Станува збор за Џелал Џандемир, командир на курдските борци во Тунџели. Награда во износ од 300.000 турски лири (96.000 евра) ќе биде дадена на лицето или лицата кои ќе ја кажат локацијата на Џандемир, во зависност од тоа колку ќе биде корисна информацијата.