Тројца повредени во напад со нож во Манчестер

Три лица се повредени со нож во нападот кој на новогодишната ноќ се случил на железничката станица Викторија во северно од центарот на Манчестер, извести ноќта кон вторникот британската полција.

Напаѓачот бил веднаш уапсен, а повредени се жена, маж и полицаец, се додава во соопштението.

Споменатата станица на подземната железница во Манчестер во моментов е затворена. Други поединости засега не се познати. Според очевидец, како што пренесува весникот The Sun, напаѓачот при нападот извикувал „Алах“.