
Возач на „мерцедес“ удрил во билборд на бензинска пумпа во Радовиш, по што три лица се повредени и им е пружена медицинска помош во штипската болница.
Н.А. (32) од Радовиш, управувајќи патничко моторно возило „мердецес“ со швајцарски национални ознаки, вчера во 2:00 часот изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш, по што удрил во билборд на бензинска пумпа.
Со повреди се здобиле Н.А. и сопатниците И.И.(32) од Радовиш и Т.Б.(22) од село Ораовица, кои биле пренесени во Клиничка болница Штип.