Тројца припадници на полицијата добиле отказ

Заради сторени повреди во работењето, тројца припадници на полицијата добиле отказ, а уште девет се казнети по спроведени дисциплински постапки.

Како што соопшти МВР, двајца од споменатите тројца припадници на полицијата добиле отказ затоа што сториле кривично дело, а еден добил отказ бидејќи три дена не се појавил на работното место.

На седум вработени изречена им е мерка „парична казна”, а на по еден вработен мерка „писмено предупредување“, односно  „распоредување“, соопшти МВР.