
Тројца работници биле повредени од струен удар додека работеле на објект во Демр Хисар, инфорираше МВР. Според полицијата, несреќата вчера во 12.30 часот ја пријавил вработен во ЕВН.
Истата се случила на улицата 8 Септември. Таму работниците од фирма која го градела покривот на објектот во изградба на инвеститор од Демир Хисар со табла од пластифициран лим допреле 10 киловолтен воздушен далековод.
Од струјниот удар повредени биле З.П. (43), Д.Н. (23) и Џ.У. (59). Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола каде им била укажана лекарска помош. Повредените З.П. и Д.Н. биле задржани на понатамошно лекување, а Џ.У. бил пуштен на домашно лекување.
Увидот на местото извршила екипа од СВР Битола, Јавен обвинител и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.