
Три лица се ранети во напад со нож во неделата во финската престолнина, објави на Twitter полициската управа на Хелсинки.
„Според првичните сознанија, мажот ранил со нож две возрасни лица и едно дете на улицата Сантавуорентие. На местото на настанот се наоѓале уште едве деца. Настраданите се пренесени во болница. Полицијата е запознаена со ситуацијата“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во инцидентот нема други повредени.
Индетитетот на напаѓачот ѝ е познат на полијата. Тој не бил уапсен, и во моментов полицијата води потрага по него.