Двајца имале прострелни рани во абдоменот, а едниот поради тешките повреди на главата се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохиругија.
Од Ургентиот центар изјавуваат дека двајцата со повреди на абдоменот се оперирани и се во стабилна состојба. Тие се наоѓаат на Одделот за интензивно лекување.
Министерството за внатрешни работи засега не соопштува детали за случајот. Повеќе информации најавува за подоцна.
Не е познато дали престрелката е поврзана со предупредувањата коишто во петокот ги објави агенцијата на албански јазик INA којашто повикувајќи се на локалното население во тетовкса Мала Речица објави дека се случувале нови престрелки во кои биле вклучени и лица дојдени од соседна Албанија и за смирување на ситуацијата побарале помош од лидерот на ДУИ, Али Ахмети