Тројца турски војници зaгинале

Двајца војници се убиени а третиот е ранет во напад на милитантит од забранетата Курдска работничка партија (PKK) додека војската изведувала безбедносни операции во југоисточната покраина Хакарија соопшти во понеделникот војската.

Во одделен инцидент еден војник е убиен а двајца се ранети во неделата на северот од Ирак, кога случајно е истелаан граната, додава армијата. Ранетите војници не се во критична состојба.

PKK, којашто САД и Европската унија, исто како и Турција, ја сметаат за терористичка организација, од 1980-те години води вооружен бунт кој се разгоре во 2015/2016 година по пропаѓањето на мировните преговори со владата во Анкара, за што меѓусебно се обвинија двете страни.