Тројца уапсени во Шпанија и Мороко осомничени за припадност на ИД

Шпанската национална полиција во соработка со органите на прогонот на Мароко уапсила три лица поради сомневање дека се поврзани со терористичката џихадистичка организација Исламска држава (ИД), соопшто министерството за внатрешни работи на Шпанија.

Во каталонските градови Бадалона и Салоу, шпанската полиција привела двајца Мароканци на 21 и 32-годишна возраст. Тие се обвиенти дека пропагирале идеи блиски на терористите, а исто така оти имале намера да патуваат во зоните на конфликтот во Ирак и во Сирија. Уште едно лице било уапсено во мароканскиот град Тангер.

Во Шпанија во моментов на сила е четвртото ниво од терористичка закана од петте можни. Во оваа земја постојано се изведуваат операции во кои се апсат осомничени за тероризам.

Според податоците на тамошното министерство за внатрешни работи од 2015 година под сомневања за поврзаност со терористички групации се уапсени повеќе од 200 лица.