Тројца убиени и четворица ранети во пукање во куглана во Калифорнија

Тројца мажи се убиени а други четворица се ранети во саботата во пукање во градот Торанс на периферијата од Лос Анџеелс, а полицијата објави дека и натаму трага по еден или повеќе напаѓачи.

Инцидентот се случил по тепачка во кугланатата „Gable Hous“, којашто освен куглање на посетителите им нуди и аркадни видео игри, наведуваат локалните медиуми.

Полициската управа на Торанс соопшти дека полицајците одговориле на повик и дека на самото мест нашле повеќе жртви со прострелни рани. Двајца мажи биле пренесени во болница, двајца одбиле лекарска помош, а тројца на самото место биле прогласени мртви.

„Иследнците во моментов водат дополнителна истрага и работат на тоа да го идентификуваат осомничениот, или повеќето нив“, се наведува во соопштението на полицијата на Торанс кој се наоѓа околу 40 километри јужно од Лос Анџелес.

Весникот Los Angeles Times објави дека членови на семејства се собрале на местото на настанот барајќи ги своите најблиски, и чекаат информации од полицијата.

Во ноември, вооружен напаѓач отвори оган во преполн бар за кантри музика во пошироката област на Лос Анџелес, при што уби 12 лица, а потоа се самоуби. Полицијата во градот Таусанд Оукс го идентификуваше напаѓачот како 28-годишен поранешен маринец. Тоа убиство се случи помалку од две недели откако еден 46-годишен човек уби 11 луѓе во синагога во Питсбург. Осомничениот напаѓач е обвинет по 44 точки, вклучувајќи и религиозни злосторства од омраза, и ако биде осуден може да добие смртна казна