Три лица, од кои двајца припадници не силите за спроведување на редот, се убиени во четвртокот во престрелка во Шпанија, пренесува агенцијата EFE повикувајќи се на полициски извори.
Според информациите на агенцијата, двајцата загинати се припадници на Цивилната гарда.
Агенцијата Europa Press наведува дека инцидентот се случил по 19 часот по локално време, 20 часот по македонско, во регионот Бахо-Арагон.
Според прелиминарните сознанија, престрелката се случила во текот на операцијата за потрага по крадец. Осомничениот на –ти декември ограбил фарма во местото Алалата-дел-Арсобиспо кај Андора, кога настрадале две лица.