Тројца убиени во нападот во Утрехт, девет ранети

Три лица се убиени а други девет се ранети во вооружениот напад во трамвај во холандски град Утрехт, соопшти градоначалникот, пренесуваат холандските медиуми.

Претходно полицијата потврди дека во врска со пукањето трага по 37-годишниот маж со холандско државјанство роден во Турција, која е идентификуван како Ѓокмен Танис, пренесува Reuters.

Полицијата во меѓувреме објави фотографија на маж со брада кој седи во градскиот транспорт во темносина маичка. Ова е првата фотографија на лицето кое е осомничено дека е поврзано со пукањето.

Единицата за борба против тероризмот објави дека ја разгледува верзијата според којашто можно е да се работи за терористички напад. Координаторот на антитерористичката единици Питер-Јап Алберсберг изјави дека сега сите напори се насочени кон апсење на напаѓачот. Не ја исклучи можноста дека имало повеќе напаѓачи.

Претходно беше објавено дека тревогата за опасност од терористички напад во Утрехт е подигната на највисокот ниво. Безбедноста е зголемена, во училиштата, јавниот сообраќај, црквите и џамиите.

Инцидентот се случи во 10,45 часот по локално време на периферијата од Утрехт, а по нападот полицијата ги блокираше локалните улици. Полицијата преку Twitter ги предупреди граѓаните да не ги напуштаат домовите и канцелариите, да го одбегнуваат местото на нападот на Скверот 24-ти октомври, и воспостави директна јавна линија за информаци за настанот во Утрехт.