Тројца војници на НАТО убиени во Авганистан

Тројца војници од НАТО се убиени во бомбашки напад во источен Авганистан, соопшти Алијансата. Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците.
Еден американски војник и двајца авганистански војници се ранети во инцидентот.
Не е позната националноста на загинатите, но се претпоставува дека се американски војници.

Експлозијата се случила во областа Кхалазаи близу Чарикар, главниот град на провинцијата Парван каде има силно присуство на американските трупи. Истовремено, тоа е област каде Американците претрпеле најголеми загуби по 2014 година.
Талибанците ги нападнале војниците кои без возила вршела рутинска патрола.

Портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид, тврди дека во тактички бомбашки напад убиле осум американски војници, а окупаторите морале да ангажираат три хеликоптери за да ги заштитат своите сили.