Еден маж и две жени ги загубија живототите, а дете е повредено во тешка сообраќајна несрежа којашто се случи во саботата вечерта на регионалниот пат Штип – Велес кај месноста „Црна Точка“.
Како што пренесува порталот Курир.мк повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале две возила од марката „голф“ со велешки и со кумановски регистерски ознаки.
Според првичните информации на полицијата, во кумановскиот „голф“ имало четири лица, еден маж, две жени и дете. По несреќата на лице место животот го загубиле мажот и едната жена, додека втората починала во велешката болница.
Детето кое било во возилото со повреди е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, но нема детали за неговата здравствена состојба.
Полициски екипи на местото на несреќата вршат увид, а се преземаат и мерки за утврдување на идентитетот на починатите лица.
Сообраќајот на овој регионален пат од 20,15 часот е затворен во двата правца.