Атланта утринава загуби и во четвртиот натпревар од финалната серија против Кливленд, со што се збогуваше од шампионските амбиции.
Сепак навивачите на “јастребите” веднаш се зафатија со изборот на најдобрите пет потези помеѓу своите кошаркари, а првото место го завзеде нашиот поранешен репрезентативец, Перо Антиќ.
Неговата тројка под фаул против Индијана беше избрана за потег на сезоната во тимот на Атланта.