![3039---meksiko,-oluja-9793939657-1_675x0](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/3039-meksiko-oluja-9793939657-1_675x0.jpg?resize=675%2C450&ssl=1)
Американските меторолози соопштуваат дека очекуваат тропската олуја „Кристина“, која се појави на југозападниот брег на Мексико, во текот на оваа недела да прерасне во ураган.
Националниот центар за урагани во Мајами, Флорида, соопштува дека вчера во попладневните часови олујата се наоѓала на 255 километри југозападно од Хуантехо, Мексико. Олујата се поместува на запад со брзина од 4 километри на час и се очекува да продолжи во тој правец со иста брзина кон морето.