Трошањи: Очекувам блиска соработка со Борел

Новоименуваниот комесар за соседска политика и проширување Ласло Трошањи изјави дека е почестен со ресорот кој му го довери Урсула фон дер Лајен.

Тој на Твитер најави соработка со Европскиот парламент и со идниот шеф на дипломатија Џозеп Борел.

– Почестен сум со предлогот да го добијам ресорот на комесарот за соседство и проширување. Очекувам ангажман со Европскиот парламент и блиска соработка со Џозеп Борел, за да ги мобилизираме сите ЕУ инструменти и за да работиме заедно за доброто на нашето соседство, напиша Трошањи.