
Во август трошоците на живот се зголемиле за 1,5% во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Најмногу поскапеле комуналиите и домувањето за 4,5%, тутунот и алкохолните пијалоци за 4,4%, како и храната и безалкохолните пијалоци за 2,5%.
Намалување на цените има единствено кај транспортот за -7% и облеката и обувките за -1,4%.