Трошоците на живот во јули повисоки за 0,2%

Трошоците на живот во јули, во однос на претходниот месеци, бележат зголемување од 0,2%, додека кај цените на мало порастот е 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на животот од 0,2% во јули 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежото овошје за 5,8%, лебот и белите печива за 1,3%, чоколадните производи за 0,7% и сувото овошје за 0,6%.

Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај тутунот за 5,5%, електричната енергија за домаќинствата за 3,6%, гасот за домаќинствата за 2,7%, цвеќињата и услугите за сместување за 2,4%, течните горива и мазива за 2%, течните горива за домаќинствата за 1%, лековите за 0,9%, велосипедите и пијалаците во рестораните и хотелите за 0,3%.