Трошоците на животот во ноември бележат зголемување од 4,3 %, а цените на мало од 4,0 отсто

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 %, а цените на мало од 4,0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1,0 %, додека цените на мало во истиот период бележат раст од 0,3 %.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 %, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 %, ресторани и хотели за 0,8 %, облека и обувки, здравје за 0,2 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0,9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3%, разновидни стоки и услуги за 0,1 %.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.