ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите трибини, кои се уште еден начи со кои партијата доаѓа до комуникација со граѓаните. Денешната трибина на којашто модератор беше Славчо Трпески, поранешниот директор на Катастар, говореа членови на Комисијата за транспорт и врски.
Трпески кажа дека во минативе години во Катастарот се направиле многу големи реформи, тој напомена дека кога ВМРО-ДПМНЕ дошле на власт во 2006, начекана била вистинска руина во Катастарот.
„Во Охрид, Катастарот го нарекувале нервно, затоа што кога ќе појдеш таму треба да бидеш спремен, а во Прилеп на пример го викале наурето, на доктор како да одиш, редиците биле од Катастарот, па до пазарот. А во Скопје пак имаше професионални чекачи, таму беше тешко да се влезе, бидејќи беше стара зграда, барака и луѓето си чекаа за одреден надоместок, затоа што доаѓа во 5 часот па чека до 5 попладне. Тоа го начекавме во Катастарот, во изминативе години направивме големи реформи“, изјави Трпески.
Катастарот според Дуинг Бизнис е на високото 17-то место во светот, 10-то во Европа и убедливо е прв во регионот. Како што кажа Трпески, во Катастарот за уште повеќе да се среди со гужвите кои биле скоро сите работи може да се завршат и електронски.
„Од еден шалтер во 2006 година, сега веќе имаме преку 750 професинални корисници кои се поврзани, како што се нотари, проценители и други, со што граѓаните веќе немаат потреба да одат во Катастар, поради работата на овие професионални корисници“, рече Трпески.
Напомена дека Македонија е пример и во регионот за носењето на урбанистичките планови, кои се носат електронски, со што секој граѓанин може да види што се гради.