Трпевски: Мора да се заврши политичката криза за да не пати економијата

Поранешниот гувернер, Љубе Трпевски во отвореното студио на ТВ Нова потенцира дека ова е трета банкарска паника во Македонија. Тој апелира дека мора да се реши политичката криза за да не пати економијата на земјата.

Првата беше 1999 за време на бомбардирање на НАТО на поранешена Југославија, кога имаше голем бран на бегалци од Косово. Втората во 2001 година кога имаше внатрешен конфилкт. Ова е тратата паника, која веќе се надминува и е најблага. Преземените мерки се очекувани и се во одбрана на денарот како национална валута. За разлика од кризите во минатото, сега и Народната банка е многу поспремна и со добар кадар, а исто така и банките се многу поздрави, добро капитализирани и со висока ликвидност, па затоа нема потреба од паника. Во однос на сегашните случувања, изгубија само оние кои ги подигнаа штедните влогови и ги заменија девизите, а добија банките, рече тој.

Спред Трпевски има доволно инструменти и мерки што и стојат на располагање на НБРМ да се одбрани од ваквите случаи и ситуации.

Поранешниот гувернер апелираше дека мора оваа полтичика криза да се реши, во спротивно сите тонеме и економијата ќе пати.

Народната банка на Република Македонија има доволно инструменти и девизни резерви за да се брани курсот. Мислам дека веќе е смирена ситуацијата и кулминацијата на паниката помина. Останува уште и политичката криза да биде решена и се надевам дека наскоро и тоа ќе се случи. Ако кризата продолжи не очекуваат алтернативни сценарија кои не се добри за државата. Сите мерки најавени се за зајакнување на позицијата на денарот. Каматите ќе бидат повисоки на денарските депозити и ќе се стимулира давње на денарски кредити, тоа се адекватни мерки бидејќи се е ставено во одбрана на денарот. Нема потреба од грижа, истакна тој.